EA го избра FIFA 21 тимот на годината, Мбапе „со врски“ пред Меси

FIFA 21

EA Sports официјално го објави FIFA 21 TOTY (Team of the Year) и самиот по себе веќе е историски. Имено, по прв пат по воведувањето на Ultimate Team во FIFA 09, Лионел Меси не успева да го најде своето место во првите 11.

Ѕвездата на Барселона сакаше да го напушти „Камп Ноу“ минатото лето, а целата таа драма очигледно влијаеше на неговите перформанси на теренот. Спротивно на тоа, Роберт Левандовски постави неколку рекорди и ја освои наградата на FIFA за најдобар играч на светот, додека Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе продолжуваат со своите одлични игри за Јувентус (или Piemonte Calcio во FIFA 21) и ПСЖ. Токму овие тројца го исфрлија Меси од FIFA 21 TOTY.

FIFA 21

Но, Килијан Мбапе во тимот на FIFA 21 пред Лео Меси е нешто што крена голема прашина меѓу играчите на FIFA, откако EA Sports го објави идеалниот тим во FIFA 21. Не дека Мбапе имаше лоша година, напротив – играше финале во Лигата на шампиони, дојде до 100 погодоци во ПСЖ и стана најмладиот фудбалер во историјата на ЛШ со 20 гола. Меѓутоа, подеднакво успешна сезона, ако не и поуспешна, имаа клупскиот колега на Мбапе, Нејмар, како и Лионел Меси.

Вљубениците во теориите на заговор се убедени дека EA Sports при овој избор воопшто не се држел до статистиката туку Мбапе го ставија меѓу најдобрите 11 од маркетиншки причини – односно поради тоа што се наоѓа на насловната страница на актуелната FIFA 21. Но, дали тоа е реално, проценете си сами.

Доминација на Баерн

Од друга страна, актуелниот англиски шампион Ливерпул ја пополнува половина од дефанзивната линија во идеалниот тим на FIFA 21. Десниот бек Трент Александер-Арнолд и стоперот Вирџил ван Дајк се во друштво на Серхио Рамос од Реал Мадрид и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен. Со оглед на тоа дека Баерн ја освои Лигата на шампионите, очекувано уште двајца играчи најдоа место во тимот – Мануел Нојер на голот и Јозуа Кимих во средниот ред. Тимот го комплетираат Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед и Кевин де Брујне од Манчестер Сити.

FIFА 21 TOTY е избран од страна на фановите кои гласаа од листа на 70 играчи, а на крајот беа собрани 10 милиони гласови.