EA ќе прави франшиза за тркачка игра по примерот на FIFA

EA

Изгледа како историјата да се повторува. Во прес-конференција за своите инвеститори во текот на вчерашниот ден, Electronic Arts истакна дека со купувањето на Codemasters кое наскоро треба да биде официјализирано, започнуваат планови за годишни наслови со тркачка тематика.

Од EA сметаат дека Codemasters ќе им помогне да станат „глобални лидери во тркачката забава“ и дека сега ќе можат ефикасно да креираат годишни тркачки игри, односн дека ќе започнат франшиза која секоја година ќе добива своја нова верзија, нешто како што е случајот со FIFA, но и дека ќе добие шанса со EA Sports игрите. Покрај ова, EA ќе ги обезбеди своите технологии за Codemasters, со што значи дека следната DiRT, Grid или F1 игра наскоро ќе биде на Frostbite engine.

Се претпоставува и дека Codemasters ќе даде свој придонес за Need for Speed. Франшизата има проблеми во претходните години со варирачкиот квалитет и недостаток на идентитет, иако девелоперот Criterion имаше голем успех со NFS: Most Wanted во 2012 година. По објавувањето на играта, франшизата беше преселена во Ghost Games, која лансираше неколку наслови, но не успеа да ја долови магијата која претходните Need for Speed игри ги направи популарни.

Судбината на Codemasters со EA за жал е неизвесна

Можеби е прерано да се каже дека студиото ќе „умре“, но тука шемата на EA e иста како и претходно. Компанијата има историја на купување талентирани девелопери, потоа ги става на проекти кои не им одговараат, па ги затвораат кога игрите не им се продаваат. Многумина се плашат дека BioWare е следен, кој можеби зависи од тоа како ќе се продава Mass Effect: Legendary Edition.

Како и да е, ова сигурно е тажен пресврт на настаните за студио кое е ветувачко како Codemasters. Не секоја игра од комапнијата била хит, но DiRT и Grid брендовите беа со висок квалитет. Со наметнувањето да се креира игра секоја година, тоа ќе доведе само до намалување на квалитетот.