EA откри кога ќе излезе FIFA 21 за PlayStation 5 и Xbox Series X/S

FIFA 21 next-gen

EA Sports официјално откри кога нивните спортски игри FIFA 21 и Madden 21 ќе добијат свои next-gen верзии за PlayStation 5 и Xbox Series X/S конзолите.

Иако многумина потајно се надеваа дека FIFA 21 ќе биде достапна на PlayStation 5 и Xbox Series X/S конзолите веќе при нивното лансирање, тоа сепак нема да биде случајот. Новите конзоли ни пристигнуваат на 19 ноември и веќе е познато дека FIFA 21 ќе добие свое next-gen издание за новите конзоли.

Имено, FIFA 21 и Madden 21 нема да се појават веднаш со лансирањето на next-gen конзолите, туку ќе пристигнат на 4 октомври оваа година.

Како што е веќе познато од претходно, купувачите на FIFA 21 верзијата за PlayStation 4 и Xbox One имаат право на бесплатно надоградување на верзијата за PS5 и XSX/S во рок од една година, односно додека не се појави FIFA 22.

Доколку ја имате играта на Blu-ray диск, ќе морате да го сочувате тој диск бидејќи дигиталната верзија за next-gen играта нема да работи без истиот. Ако играта за старите конзоли ја имате на диск, а ја купите дигиталната верзија на PS5 или Xbox Series S (кои пристигнуваат без читател за дискови) нема да можете да ја надоградите играта на next-gen верзијата.

При преоѓањето на next-gen верзијата ќе можете да го сочувате напредокот од Ultimate Team модот како и Volta Football, додека останатото се брише. Со преоѓањето на next-gen верзијата ќе можете да играте само со играчи од иста платформа, што значи дека нема да има cross-play меѓу PS5 и PS4 или XSX/S и XBO играчите.