EA Sports и шпанска Ла Лига со нов договор за ексклузивна соработка

EA Sports

EA Sports и шпанската фудбалска Ла Лига се договорија за ново долгогодишно партнерство со што елитниот шпански фудбал ќе биде вклучен во EA игрите и следната деценија, почнувајќи со FIFA 21.

Новиот ексклузивен договор беше објавен на 24 јуни, само неколку дена откако развојниот тим на играта ги откри првите детали за играта преку видео трејлер на EA Play. Ова значи дека екипите како Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и останатите ќе бидат дел од популарната видео симулација на EA Sports и во следните години.

Во соопштението издадено од страна на EA, исто така посочува заедничка посветеност на двете страни за развој и раст на учеството во еспортот со текот на времето. Ова најмногу се однесува на eLaLiga Santander, односно еспорт верзија на шпанското фудбалско првенство, што ќе биде официјално еспорт натпреварување за професионални играчи.

„Нашата визија е да ја зголемиме љубовта за спортот преку нашите игри и сервиси, и со стратешкото партнерство со препознатливи организации како Ла Лига, ние сме во позиција да испорачаме автентичност и иновативност во годините кои ни престојат. Нашата заедничка посветеност ќе ни овозможи моментален импакт за следните EA Sports FIFA искуства, како и шанси за зајакнување на Ла Лига фан базата во следната деценија“, изјави извршниот потпретседател на EA Sports, Кем Вебер.

EA Sports ги заштити брендовите од „кражба“

Од друга страна, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, не го крие воодушевувањето од овие вести исто така. „Оваа обнова на договорот ни овозможува да растеме, да ја зголемиме популарноста на Ла Лига и да допреме до уште повеќе навивачи ширум светот кои играат FIFA секој ден. Нашиот нов договор ја покажува нашата посветеност да продолжиме со растот и да ја креираме најдобрата забава за фудбалските навивачи ширум светот“.

Врската меѓу шпанската фудбалска лига и видеоиграта трае веќе 20 години. Кога станува збор за ексклузивноста на клупските брендови и дресови, засега ништо не е споменато од двете страни. Дел од играчите стравуваат дека би можела да се случи слична ситуација со Ла Лига како што беше со Јувентус, кој ги продаде своите права на брендот на PES минатата сезона, но се чини дека клубовите од Ла Лига не „мрдаат“ од ФИФА во брзо време, иако постоеја некои такви најави.