EA Sports објави трејлер и нови информации за FIFA 21

FIFA 21

EA Sports направи мала најава за новото издание на фудбалската симулација FIFA. Од EA Sports останаа скромни и на некој начин таинствени, одлучувајќи во исто најавно видео да ги сместат и FIFA 21 и Madden 21. Причината за ова е тоа што деталните информации за FIFA по традиција пристигнуваат во август, но ако ништо друго од EA Sports можеа да и посветат посебен трејлер.

Како и да е, FIFA 21 ќе се појави на пазарот на 9 октомври за PC, PlayStation 4 и Xbox One, додека PlayStation 5 и Xbox Series X верзиите ќе пристигнат нешто подоцна. Претплатниците на Origin/WA Access ќе можат да ја играат новата FIFA нешто повеќе од една недела порано, а оние кои сакаат да ја купат играта пред официјалното излегување, ќе можат да го направат тоа на 6 октомври.

Новина е тоа што FIFA 21 ќе се најде и во верзија за платформата Steam, но и тоа дека со купувањето на PS4 и XBO верзијата до излегувањето на FIFA 22 ќе имате право на бесплатен дигитален примерок на играта за PlayStation 5 и Xbox Series X. EA Sports фокусот ќе го стави на конзолите, поради што се чини дека PC публиката ќе извиси, односно оваа верзија ќе биде иста како онаа за PS4 и XBO, односно нема да ги поседува next-gen подобрувањата како верзиите за PlayStation 5 и Xbox Series X.

FIFA 21 Next Level

Новини има и кога станува збор за gameplay-от, а најголемиот дел се однесуваат на верзијата за PlayStation 5. На пример, се највува дека со DualSense контролерот ќе се чувствуваат различни вибрации зависно од контактот, односно различно за удар кон голот, различно за прекршок и така натаму…

Од EA Sports најавуваат и дека новина ќе биде off-ball humanization што значи дека ќе се воведат сет анимации со кои фудбалерите ќе делуваат повеќе природно од досега. На пример, ќе може да се види како фудбалерите ги местат своите костобрани, како се лутат доколку не им ја податете топката кога се во добра позиција и слично. Атмосферата на стадионите исто така ќе биде унапредена, ќе се појавуваат инсерти со навивачи пред стадионот, а потоа ќе следува брза транзиција на самиот терен.

Опцијата cross-play засега не е потврдена, но во EA Sports тврдат дека активно истражуваат на ова поле, па во моментот кога ќе бидат подготвени за да ја интегрираат истата, ќе ги објават тие информации. Не е исклучено оваа карактеристика да биде додадена по официјалното излегување на играта.