EA Sports подготвува еден куп новитети за FIFA

EA FIFA

EA Sports најави нова лиценцирачка екстензија со УЕФА, нов франшизен sales milestonе за FIFA серијалот, датум за лансирање на FIFA 21 на Stadia, како и експанзија за FIFA Online. Освен ова, компанијата откри и дека има и шест нови FIFA игри во развој за мобилните уреди.

Почнувајќи со новиот договор, EA Sports и УЕФА се договорија да додадат повеќеслојна екстензија која ќе со што EA ќе продолжи да ги има правата за Лигата на шампионите, УЕФА Лигата на Европа и УЕФА Суперкупот. Овој договор ќе има свое влијание и на FIFA Global Series еспорт лигата, откриваат од EA.

Финансиските услови за договорот не се откриени, ниту пак спецификациите за должината на траење на договорот. Како и да е, овој договор доаѓа во важен момент за FIFA франшизата, со оглед на тоа дека FIFA 21 е најдобро продаваната игра во Велика Британија во 2020 година, велат од ЕА. Освен тоа, FIFA 21 има повеќе играчи од FIFA 20 – кој го држи претходниот рекорд – во истиот момент од животниот циклус. Освен тоа, EA откри дека целата FIFA франшиза досега има продадено 325 милиони единици.

Кога станува збор за другите вести, ЕА откри дека има шест нови FIFA мобили игри во развој. Ниту една од игрите не беше најавена, но од EA велат дека ќе станува збор за „разнолики мобилни фудбалски искуства“ кои вклучуваат автентични симулациски наслови и игри во аркаден стил.

Од ЕА велат дека мобилните телефони се „најпопуларната гејминг платформа во светот“, па токму поради тоа форсираат да донесат повеќе игри на мобилните уреди.