Eden Arena: Malta Vibes со награден фонд од 400,000$

Eden Arena: Malta Vibes

Eden Esports ги откри плановите за новата 10-неделна турнирска серија во CS:GO. Настанот насловен Eden Arena: Malta Vibes ќе додели вкупно 400.000 долари во текот на 10-неделниот настан. Покрај наградниот фонд од 40,000 американски долари секоја недела, победникот ќе заработи и платен престој во Малта.

„Победниците на секој неделен турнир  ќе добијат  целосен пакет за престој во  InterContinental хотел во Малта со 5 звезди и право да го користат во секое време во текот на една година по натпреварот“, се вели во официјалното соопштение.

Настанот ќе се одвива во ист начин како и неодамнешната турнирска серија „Home Sweet Home Cup“ која даде вкупно 320.000 американски долари во текот на осум недели.

16 екипи ќе се натпреваруваат на турнирите секоја недела. Екипите ќе се борат во групната фаза на GSL за потоа да се префрлат во елиминациона фаза.

Списокот на тимови сеуште не е објавен, но серијата од 10 седмици ќе трае за време на затворањето cs_summits, паузата за играчи и ESL One во Келн. Ова значи дека некој од тимовите нема учествува на турнирот или ќе пропуштат дел од натпреварот.

cs_summit: 24 јуни-5 јули
Пауза за играчи: 6 јули-6 август
ESL One Келн: 21-30 август

Целосниот 10-неделен распоред може да се најде подолу:

Недела 1: 30 јуни-5 јули
Недела 2: 9-13 јули
Недела 3: 14-19 јули
Недела 4: 21-26 јули
Недела 5: 30 јули-3 август
Недела 6: 4-9 август
Недела 7: 11-16 август
Недела 8: 20-24 август
Недела 9: 25-30 август
Недела 10: 1-6 септември