Еден bug направи хаос во Ranked мечевите на Valorant

Valorant

Riot Games на 23 јуни ги објави деталите за Valorant Patch 1.2, апдејт кој треба да додаде компетитивен режим во играта заедно со неколкуте унапредувања на агентите, промените на Spike Rush, промени на мапите, HUD/UI прилагодувања и ред други работи.

Valorant заедницата трпеливо ги чекаше комптетитивните или Ranked игрите да бидат повторно достапни и конечно дочекаа, барем на кратко…

Неколку часа по објавувањето на новиот 1.2 пач, директорот на Riot Games, Ziegler, објави неколку лоши вести преку Twitter.

Имено, во играта се појави bug кој ни овозможува spawn со непријателите на мапата, што секако е смешно и интересно, но мора под итно да се промени. Овој bug е пријавен од неколку играчи, поради што Riot Games одлучија да ги згаснат Ranked мечевите и да не ги вклучуваат додека оваа, но и останатите грешки не бидат исправени.

Неколку часа по пораката на Ziegler, Valorant English официјалниот Twitter акаунт ги дополни информациите со уште неколку лоши вести. Имено, откриен бил уште еден bug поради што се одложува враќањето на ranked мечевите.

И покрај тоа што предвидоа ден или два пред да ги вратат Ranked мечевите, се уште ништо не е потврдено, а некои други официјални извори откриваат дека би можеле да почекаме нешто подолго, како што е шпанскиот Valorant официјален Twitter профил.

„Ја разгледуваме сбатилноста и во потрага сме по било какви проблеми со пачот додека се имплементира во секој регион. Според она што го забележуваме, Ranked игрите би можеле да бидат достапни за еден ден или до крајот на неделата. Ќе ве информираме дополнително“.

Но, во меѓувреме, поточно синоќа, пристигна добра вест од официјалните профили на Valorant на социјалните мрежи дека Ranked мечевите се вратени. Но, тоа се однесува само за Северна Америка, Кореа и Латинска Америка. За останатите региони, меѓу кои и Европа, се очекува Ranked мечевите да се вратат од вечерва.

Сепак, со оглед на искуството и проблемите со кои се соочи Valorant, не е исклучено враќањето да биде пролонгирано. Или пак, да настане некој нов проблем. Но, да се надеваме дека тоа нема да се случи, иако се покажа дека овој bug е потежок за поправање од очекуваното.

Како и да е, додека чекате да се вратат Ranked мечевите од вечерва, уживајте и вежбајте во „обичните“ мечеви.