Еден куп Titanfall содржини не очекуваат во деветтата сезона на Apex Legends

Apex Titanfall

Во последните неколку години се шпекулираше за Titanfall 3. Дури и денес, немаме ништо официјално во врска со играта, но фановите на наскоро би можеле го добијат она што го сакаат во Apex Legends, бидејќи во деветтата сезона од таа игра ќе бидат пречекани од еден куп содржини од Titanfall.

Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што Apex почива на темелите на серијата Titanfall, но благодарение на Twitch панелот, на кои им беше домаќин BrownGirlGamerCode, сценаристот на Apex Legends, Ешили Рид откри дека Respawn работи на интегрирање на Titanfall во идните надградби, бидејќи Titanfall веќе е во голема мера дел на светот. Режисерот за игри Чад Грениер отиде чекор подалеку и потврди дека Apex Legends ќе содржи „многу кул работи“ што ќе можеме да ги препознаеме од стрелачката серија на Respawn.

„Следната сезона ќе видите како дел од содржината на Titanfall се враќа во игра. Јас веќе им реков на луѓето, ако се обожаватели на серијалот Titanfall, бидете трпеливи, бидејќи ќе бидат пречекани од некои исклучително кул работи “. Изјави Грениер.

За жал, тука престанаа информациите и остануваат сите шпекулации за тоа што точно ќе не чека во 9-тата сезона од играта, но судејќи според изјавата на Грениер, едно е сигурно – Titanfall се враќа „на еден или друг начин“.