Еден од најпопуларните Call of Duty еспорт играчи почина на 21 година

Call of Duty еспорт

Популарниот Call of Duty професионален еспорт играч Морис F3ro Енрикез почина на само 21 година.

Смртта на играчот на Florida Mutineers беше објавена од страна на неговото семејство преку неговиот официјален Twitter профил утринава. Во извештајот е потврдено дека F3ro не си го одзел животот, ниту пак пател од депресија, со што се стави крај на големиот број шпекулации кои се појавија претходно.

„Со жал ве известуваме за смртта на Морис. Сакаме да ставиме до знаење дека не станува збор за самоубиство, ниту пак патеше од депресија. Ја цениме љубовта и поддршката од сите. Исто така би ценеле и малку приватност во овој тежок период“.

Првичните извештаи тврдеа дека Енрикез починал како резултат на самоубиство, а информацијата наводно пристигнала од член на семејството. Сепак, овие тврдења беа демантирани од голем број луѓе блиски до професионалниот Call of Duty играч. Неговиот близок пријател Расим Blazt Огрешевиќ ги нарече овие тврдења „лаги“, истакнувајќи дека е „недостаток на почит“ и „жално“ што се пишува.

Од друга страна Florida Mutineers, открија дека причина за смртта на нивниот играч се „неколку срцеви удари“.

„Семејството Mutineers со жал ја потврдува смртта на Морис F3ro Енрикез, настаната како последица на неколку срцеви удари“, пишаа од организацијата. „Ова е огромна загуба за неговото семејство, пријателите и нашиот Florida Mutineers тим. Ќе ни недостасува секој ден“.

Енрикез беше активен и исклучително популарен лик во Call of Duty еспорт тимот. До 21 година веќе успеа да постигне многу, пред се учествувајќи во првиот Call of Duty League која започна претходно оваа година. Како дел од Florida Mutineers, тој освои три домашни настани и ја заврши сезоната во Топ 8 во вкупниот CDL шампионат.

Пред да се приклучи на Mutineers, Енрикез соработуваше со неколку еспорт тимови, вклучително и 100 Thieves, Team Envy, Team Kaliber, Reckless и други. Десетици пријатели, поранешни соиграчи и фанови преку Twitter ги споделија своите сеќавања на играчот.