Epic Games бесплатно ја дели одличната игра Control

Control

Epic Games уште еднаш има многу примамлива понуда – една од најдобрите игри за 2019 година – Control – се дели бесплатно во нивната продавница.

Control - PS4 & PS5 Games | PlayStation QA

Некои корисници можеби останаа разочарани од последните два „мистериозни подароци“ во продавницата на Epic Games (тие беа Among Us и Frostpunk). Сепак, еве една понуда сега што не треба да разочара никого – освен можеби оние што веќе ја имаат купено играта. До следниот четврток, Control се дели бесплатно.

Во оваа игра од девелоперите на Max Payne, ја истражувате мистеријата на натприроден настан во едно американско биро. Тоа е игра на експлозивна акција во која главниот лик има на располагање вонземско оружје, а подоцна добива паранормални способности. Control е двегодишна игра која има освоено бројни награди и се најде во потесниот избор за најдобра игра за 2019 година.

Стандардното издание на играта, кое вообичаено чини 32 евра, се дели бесплатно на Epic, додека пак можете да добиете две дополнителните експанзии за играта по половина цена – за 7,24 евра. Играта обично ќе се дели бесплатно цела недела – до следниот четврток 17 часот. Откако ќе ја додадете во вашата колекција, таа е ваша за секогаш.