Epic Games ги купија креаторите на хит играта Fall Guys

Epic

Тимот на Mediatonic сега стана дел од семејството на  Epic Games и нивните Fall Guys: Ultimate Knockout ќе добијат третман како Fortnite и Rocket League.

Fall Guys tips: 8 pointers to help you take home the crown | TechRadar

Epic Games ја купи групата Tonic Games Group за непозната сума, компанија која ги вклучува креаторите на минатогодишната популарна игра Fall Guys: Ultimate Knockout. Ова е прва инвестиција на Epic откако тие го купија студиото одговорно за втората хит игра – Rocket League. Во пакет со MediaTonic, Epic доби уште неколку други студии, вклучувајки и тие што го направија PC Building Simulator.

Што точно значи инвестицијата на Epic за Fall Guys? Деталите се минимални во моментот, но креаторите на играта нè уверуваат дека таа сепак ќе остане на постојните платформи – односно на Steam. Се споменува дека Epic технологијата ќе и помогне на играта да добие слични функционалности како Fortnite и Rocket League, што подразбира опции за вкрстено играње, акаунт на Epic во рамките на играта, eкипни натпревари и слично.

Исто така, се покрена и прашањето дали играта ќе се префрли на модел за бесплатно играње, но од Mediatonic изјавија дека сеуште немаат информации за тоа. Верзиите Fall Guys за платформите на Xbox и Switch сè уште се планираат и доаѓаат ова лето.