Epic Games најави враќање на Dota 2 Champions League

Dota 2 Champions League

Нема пауза за професионалната Dota 2 сцена. Веднаш по завршувањето на Major, Epic Esports Events ни подготвува нов Dota 2 Champions League турнир, во соработка со GRID Esports.

Dota 2 Champions League е серија на Dota 2 турнири која се одржуваше во периодот од 2013 до 2018 година и брои вкупно 15 сезони. Epic Esports Events речиси 3 години подоцна најавува дека ова натпреварување повторно се враќа, а фокусот ќе биде ставен на европската професионална сцена.

Организаторот веќе ги откри и 15-те покани, од кои четири ќе почнат директно од плејофот, додека останатите 11 ќе мораат прво да се докажуваат во групната фаза.

Во прилог е листата на сите повикани екипи за новото издание на Champions League:

Групна фаза

  • Brame
  • Team Unique
  • Nemiga
  • Fantastic Five
  • Team Empire
  • LevelUP
  • Trident
  • Ghost FROGS
  • Prosti Esli
  • KKD
  • Cascade.

Плеј-оф

  • Vikin.gg
  • Team Spirit
  • High Coast Esports
  • HellRaisers

Преостанатите пет места на турнирот ќе ги пополнат победниците на отворените квалификации, кои ќе се одржат во периодот од 4 до 5 април. Турнирот ќе трае од 5 до 12 април, а наградниот фонд на натпреварувањето е 25.000 долари.