Epic Games Store дели пет бесплатни игри

Epic Games Store

Epic Games Store повторно има добра и интересна понуда на бесплатни игри, а следната недела ќе биде и уште подобра. Во последните неколку недели EGS стандардно си делеше неколку бесплатни игри, но најчесто стануваше збор за нешто помалку познати наслови. Сега, ситуацијата е повторно исклучително интересно и нешто повеликодушна.

Epic Games Store во својата понуда има три игри, од кои едната е всушност колекција со три наслови, што во превод значи дека бесплатно можете да си добиете дури пет игри.

Deponia

Трилогијата за која станува збор е Deponia, германската point’n’click авантура која својата приказна ја започна во 2012 година, а стави крај во 2016. Дејството на играта го следи несмасниот лик Rufus кој живее на депониска планета и сонува за живот во лебдечкиот град Elysium. Шансите за остварување на тој сон му се зголемуваат кога во дворот ќе му падне една заспана девојка токму од тој град, во која Rufus ќе се заљуби. Игрите од серијалот Deponia се исполнети со хумор, рачно цртана графика и загатки кои бараат сериозно размислување и креативност. Играта симнете ја ТУКА.

The Pilars of the Earth

Втората игра која се дели е дело на истиот тим, германското студио Daedelic Games. Тhe Pilars of the Earth е нешто посериозна приказна, базирана на популарниот роман на Кен Фолет. Дејството се одвива во 12-ти век во Англија, а го следи проблематичното градење на катедрала во едно мало место, процес кој низ 30 години влијае на бројни животи преку неизвесност, завера и романса. До играта можете да пристапите преку овој ЛИНК.

The First Tree

Последната игра која се доделува бесплатно на Epic се до следниот четврток е инди насловот The First Tree. Станува збор за истражувачка игра од трето лице кое следи две приказни – во едната контролираме лисица која го бара своето исчезнато семејство во дивината, а во втората синот кој настојува да се зближи со својот татко на Алјаска. Играта можете да ја симнете ТУКА.

Следната недела на Epic Games Store ќе биде уште поинтересна. Бесплатно ќе се делат хоророт Alien: Isolation и оригиналната игра со карти Hand of Fate.