Epic League му дава (нефер) предност на новиот суперстар тим

Just Error

Epic League наскоро ќе започне со првите мечеви кои ќе се одржат на 12 ноември. Сепак, самиот настан веќе предизвика големо внимание и доза на контроверзи откако новиот суперстар тим составен од Сумејл SumaiL Сиед Хасан и Роман RAMZEs Кушнарев добија предност во затворените квалификации.

Не може да биде мирно во светот на Dota, со оглед на тоа дека следниот Европски и CIS турнир е веднаш зад аголот. Онлајн евентот Epic League од Epic Esports Events започнува во четврток на 12 ноември и ќе го круниса својот шампион на 13 декември.

Со оглед на тоа дека регионот има голем број на талентирани тимови, настанот е поделен на две дивизии со по десет екипи. За првата дивизија наградниот фонд е 500.000 долари, додека за втората добива 50.000.

Ѕвездениот тим составен околу SumaiL добива предност

И додека повеќето учесници се подготвени, се уште недостасува по еден тим во двете дивизии. Местото за преостанатиот натпреварувач во првата дивизија предизвика големи контроверзи во заедницата.

Mudgolems успеаја да го совладаат Yellow Submarine во големото финале на затворените квалификации, со што си обезбедија место на главниот настан.

Yellow Submarine сега ќе треба да се борат со Just Error за второто место. Победникот во оваа серија ќе биде награден со место на главниот настан. Сепак, и покрај тоа што Yellow Submarine ги играше сите свои мечеви во групната фаза и плеј-офот за да дојде до ова место, Just Error би можел да ги прескокне сите претходни серии со оглед на тоа дека добија директна покана за мечот за второто место, со што значи дека ова ќе бидат единствените мечеви кои ќе треба да ги играат.

Оваа „кратенка“ предизвика голем број полемики во Dota заедницата. Бен Noxville Стинхујзен се огласи за овој проблем на Twitter претходно неделава, покажувајќи дека со овој потег Yellow Submarine е оштетен. Не само што CIS тимот мораше да игра повеќе мечеви, туку исто така не можеа да се подготват за своите противници со оглед на тоа дека Just Error немаат играно никакви официјални компетитивни мечеви.

Кои се Just Error?

Причината поради која Just Error добива ваква предност најверојатно е поради „дрим-тим“ поставата. Тројца поранешни играчи на Virtus.pro ги здружија силите со Роман RAMZEs Кушнарев и SumaiL.

Virtus.pro неодамна го објави својот нов состав, додавајќи некои од играчите од својот втор состав VP.Prodigy во главниот тим. SumaiL нема одиграно ниту еден официјален меч од јули годинава, откако претходно го напушти OG. RAMZEs стана неактивен во својот главен тим Evil Geniuses минатава сабота.