Epic покажа дел од Unreal Engine 5, лансиран е во early access

Unreal Engine 5

Unreal Engine 5 веќе е достапен во рана верзија за сите заинтересирани девелопери, а истито ветува побрзо и полесно производство на видео игри.

Минатата година во мај, Epic Games објави прв поглед на Unreal Engine 5 со демонстрација на PS5 конзолата. Една година подоцна, компанијата која стои зад Fortnite ги покажа сите next-gen можности на својот нов графички „енџин“, а дел од истите можете да ги погледнете во прилог во видеото кое го објави компанијата.

Unreal Еngine 5 се смета за основен елемент од новата генерација на игри како еден од првите „придвижувачки“ кој е правен исклучиво за најактуелниот хардвер. За играчите, доаѓањето на нови игри на овој „енџин“, во кратки црти, значи поатрактивна графика, но најголема корист би требало да имаат девелоперит на кои Unreal Engine 5 им носи цела низа техники со кои можат да заштедат време во процесот на изработка на видео игри.

Најголемите студија веќе ги започнаа своите идни проекти во Unrеal Engine 5. Но, помалите и независни студија пристап до UE5 добија од вчера, кога „енџинот“ беше официјално лансиран во early access. Ова значи дека се уште не е подготвен за лансирање на игри, но од Epic велат дека се ќе биде подготвено од почетокот на 2022 година, доволно за девелоперите да ги истражат новите можности на новиот софтвер.