ESIC во сооработка со FBI ги истажува местените CS: GO мечеви

ESIC

Комисијата за спортски интегритет (ESIC) официјално потврди дека Федералното биро за истраги (FBI) се приклучи на нивната повеќемесечна истрага за местење на натпревари на CS: GO во Северна Америка.

Во септември 2020 година, ESIC започна детална истрага за местење натпревари на професионалнота Counter Strike: Global Offensive сцена, поточно од северноамериканската ESL Mountain Dew League. После повеќемесечен молк, комесарот за ЕСИК, Иан Смит, откри во неодамнешното интервју дека организацијата успеала да изгради силен случај против осомничените, со архива на СМС-пораки и аудио записи на играчите.

Треба да се има предвид дека осомничените играчи не ги местеле натпреварите сами, но тоа е цела операција во која биле вклучени обложувалниците, кои активно им нуделе мито. Како такво, го привлече и вниманието на Федералното биро за истраги.

Смит изјави дека Комисијата скоро заврши со собирање докази и дека е подготвена да ги презентира сите информации и обвинувања на јавноста за 10-14 дена. FBI ќе им се придружи во последната истрага и презентирање на случајот.

Ова не е првпат FBI да се вклучи во професионалната сцена на CS: GO. Имено, бирото претходно учествуваше во истрагата за местење натпревари во Австралија, но официјалните лица тврдат дека случајот во Америка е „далеку посериозен“.

Целосното интервју со комесарот за ESIC можете да го погледнете тука, или во прилог подолу.