Еве ги системските побарувања за Diablo 2: Resurrected

Diablo 2: Resurrected

Објавата за Diablo 2: Resurrected го „украде“ вниманието на BlizzCon, а паралелно со тоа беа објавени хардверски и софтверски побарувања за играта. Како што се очекуваше, играта ќе биде достапна на компјутер исклучиво преку платформата Battle.net, а бидејќи станува збор за интензивна графичка обработка на новиот 3Д-двигател, хардверските побарувања нема да бидат ни приближни до оние за оригиналот.

Не е лошо да запомните дека оригиналниот Diablo 2 бараше процесор од 1 GHz и само 32 мегабајти RAM меморија. Минимумот требаше да се игра со резолуција од 640 x 480.

Минималната резолуција во ремастерот ќе биде HD тип – 1280 × 720, додека играта ќе работи само на Windows 10. Што се однесува до графиката и процесорот, повеќето играчи ќе можат удобно да ја играат Resurrected, како што и сами можете да видите од листата на системските побарувања подолу.

Минимални системски побарувања:

  • CPU: Intel Core i3-3250 / AMD FX-4350
  • GPU: Nvidia GeForce GTX 660 / AMD Radeon HD 7850
  • RAM: 8 GB
  • HDD: 30 GB
  • OS: Windows 10

Препорачани системски побарувања:

  • CPU: Intel Core i5-9600k / AMD Ryzen 5 2600
  • GPU: Nvidia GeForce GTX 1060 / AMD Radeon RX 5500
  • RAM: 16 GB
  • HDD: 30 GB
  • OS: Windows 10