Еве ја и првата целосна реклама за Xbox Series S

Xbox Series S

Откако утринава „протекоа“ нови информации за Xbox Series S, но и за помоќниот Series X, сега се појави и комплетната реклама за помалата next-gen конзола на Xbox.

Рано утринава на Twitter беа споделени првите информации за Xbox Series S заедно со видео инсерт од неколку секунди на кои се прикажува изгледот и формата на помалата конзола на Microsoft. Паралелно со истата „протекоа“ и информациите за датумот на лансирање и цената. Microsoft ги потврди овие информации кратко потоа, без притоа да ги потврди спецификациите. Сега, во прилог ја имате комплетната реклама за Series S, која исто така е „протечена“ и е споделена на Twitter.

Видеото го сподели Род Бресло, еден од најпознатите еспорт консултанти и инсајдери, кој ги потврди спецификациите за кои се шпекулираше претходно, а исто така додаде дека конзолата ќе има и 512 GB SSD, што исто така е импресивно за „ниско-буџетна“ конзола.

Интересно, паралелно со информациите за Xbox Series S, „протекоа“ и информации за Series X околу цената и датумот на издавање, но истите Microsoft не сакаше да ги потврди.