Еве неколку гејмплеј снимки од Diablo 2 Resurrected

Diablo 2 Resurrected

Започна затвореното тестирање на алфа верзијата на Diablo 2 Resurrected, па добивме снимки од играта и споредби со оригиналната изведба на играта.

Денот го отворивме со поглед на Path of Exile 2, но ниту конкуренцијата не спиеше. Не добивме нови снимки на Diablo 4, но затоа започна алфа тестирањето на Diablo 2 Resurrected. Оние кои беа љубезни споделија снимки од нивниот гејмплеј, па сега можеме уште еднаш да видиме како изгледа старата класика во нова облека.

Трансформацијата во 60 fps прави чуда, но можеби најимпресивниот дел од овој ремастер е динамичниот систем за осветлување што го прави чистењето на занданите привлечна работа. Ако ја претпочитате постарата верзија, ве потсетуваме дека во секое време овој ремастер може да се префрли на оригиналната верзија.