F1 2021 пристигнува овој јули заедно со нов Story мод

F1 2021

EA и Codemasters го најавија датумот на објавување на F1 2021, најновата игра во долгиот F1 серијал, кој ќе пристигне ова лето на 16 јули.

Покрај највата, од Codemasters открија и неколку нови карактеристики кои ќе бидат воведени во F1 2021, вклучително и целосно новиот story мод наречен Braking Point. Како и кај претходните наслови, Braking Point ќе им овозможи на играчите да напредуваат преку Formula 2, пред да изберат тим за кој ќе возат во Formula 1. Од Codemasters исто така објаснуваат дека овој нов story мод ќе им овозможи на играчите да го искусат животот како возач на и надвор од патеката.

Career модот исто така ќе добие неколку нови возбудливи промени вклучително и додавањето на онлајн мултиплеер. Вие и вашиот пријател ќе можете да играте „кариера“ заедно без оглед на тоа дали ќе се одлучите за кооперативно или натпреварувачко издание. Секој играч исто така ќе може целосно да ја персонализира својата возачка асистенција, што значи дека играчите со различни сетови на вештини ќе можат да играат против себе. Исто така, вклучена е опција за стартување во било кој момент во F1 сезоната, а играта ќе ги користи реалниот ранкинг на возачите и конструкторите со цел да ја симулира табелата.

Други нови додатоци се „split-screen“ модот за двајца играчи за сите оние кои ќе играат локален мултиплеер, опции за пократки сезони за еспорт играчите и враќањето на F1 2020 My Team модот. Исто така додадени се и три нови патеки кои ќе можете да ги совладате – Портимао во Португалија, Имола во Италија и Џеда во Саудиска Арабија.

F1 2021 во моментов е достапна за преднарачка за PC, PS4, PS5, Xbox One и Xbox Series X. Играчите кои ќе ја купат играта на Xbox One и PS5 исто така ќе добијат можност за бесплатно next-gen унапредување.