FIFA 21 пристигнува на Xbox Game Pass и EA Play List

FIFA 21 EA Play

EA Sports најави дека овој и следниот месец на EA Play List и Xbox Game Pass ќе ги лансира актуелните изданија на своите спортски симулации, меѓу кои и FIFA 21.

Времето навистина лета, па наскоро ќе дојде моментот кога ќе треба да пишуваме за најновите изданија на спортските игри. Тоа е веројатно маната на спортските симулации, бидејќи тие брзо „стареат“, но добрата страна е што шест месеци старата FIFA 21 наскоро ќе стане достапна и преку претплатите на сите платформи.

Имено, EA Play и Xbox Game Pass ќе ја збогатат својата понуда со најновата игра од FIFA серијалот. Така, сите членови на EA Play ќе можат играта бесплатно да ја заиграат на Xbox и PlayStation конзолите, како и на PC и тоа веќе од овој четврток (6 мај).

Исто така, треба да се напомене дека на EA Play FIFA 21 ќе биде достапна во сите верзии, односно за PC, PlayStation 4 и 5, како и Xbox One и Series X/S. На Xbox Game Pass Ultimate играта ќе биде достапна на PC и Xbox конзолите.

Покрај FIFA 21, на EA Play List и Xbox Game Pass пристигнува и хокеј симулацијата NHL 21 и тоа од 12 мај. Кога станува збор за другите игри, на Xbox Game Pass е најавена и играта Knockout City, а Dragon Quest Builders 2 веќе е достапна од денес (4 мај).