FIFA 22 ја потврди ѕвездата од насловната, познат е и датумот на излегување

Првиот поглед на она што ќе го донесе новата FIFA 22 ќе го имаме веќе овој викенд, а веќе знаеме кој ќе се најде и на насловната страница на годинешното издание.

EA Sports најави дека FIFA 22 премиерно ќе биде прикажана в недела во 17:30 часот, кое го нарекуваат „game-changing“ претставување на игра, што и да им значи сето тоа. Засега единствено што е познато е кој играч ќе се најде на насловната страница. Тоа повторно ќе биде францускиот фудбалер Килијан Мбапе, кој истата улога ја имаше и на FIFA 2021.

Материјалите за насловната страна веќе се снимени и Мбапе позира во дресот на својот актуелен клуб ПСЖ. Меѓутоа, со месеци веќе се шпекулира дека Мбапе ова лето би можел да се пресели во нов клуб, наводно Реал Мадрид. EA Sports веројатно во тој случај не би имал премногу проблеми бидејќи нивното партнерство со шпанскиот клуб се уште е важечко.

Проблем би настанал во случај Мбапе да потпише за некој од клубовите кои имаат партнерство со PES eFootball серијалот, како Барселона, Баерн, Јувентус или Манчестер Јунајтед. Додуша, тоа не би било преголема пречка – само тогаш Мбапе ќе мораме да го гледаме во друг дрес.

Датум на излегување

Во меѓувреме се појавија неколку „ликови“ кои открија дел од најавите кои ќе ги видиме на настанот. Наводно протечената бета верзија пред неколку недели открила нови карактеристики и подобрување на гејмплејот. Но, покрај овие први детали за новата FIFA која ќе дојде на конзолите од новата генерација, што може да биде целосна графичка револуција благодарение на Unreal Engine 5, на виделина излезе и листата на можните FIFA 22 икони. Новата игра од успешната франшиза на ЕА ветува повеќе од било кога, па додека се уште ја очекуваме официјалната најава, познатиот и сигурен „инсајдер“ UltimateTeamUK преку Twitter го откри наводниот датум на излегување на годинешното издание.

Новата FIFA веб-апликација за корисниците би требало да биде достапна од 15 септември, поклопувајќи се со датумот на лансирање на играта која на на пазарот треба да се појави на 21 септември. Овој датум важи за оние кои го имаат резервирано специјалното издание кое овозможува ран пристап и други бонуси, додека FIFA 22 на сите платформи во слободна продажба би требало да се најде на 24 септември.