Fnatic го потврди враќањето на Raven во нивниот ростер

Raven

Откако претходно во текот на денот се појавија шпекулации дека Марк Поло Raven Луис Фаусто би можел да го напушти тимот на Geek Fam, најавите се остварија, а набрзо потоа, Fnatic потврди дека „керито“ ќе направи кам-бек во нивниот тим.

Навистина изненадувачки делуваше веста дека Raven повеќе нема да биде дел од ростерот на Geek Fam, особено поради нивните импресивни перформанси во последно време. Претходно, се појавија голем број на шпекулации за неколку играчи кои се на пат да се вратат во Fnatic. Кратко потоа, тие шпекулации беа потврдени од страна на Fnatic откако преку својот Twitter профил потврдија дека играчот ќе се врати во нивниот состав.

Кратко пред објавувањето, Dota 2 Roster пејџот забележа дека Fnatic го отстрани 23savage од својот ростер, што исто така беше назнака дека Raven ќе се пресели во редовите на Fnatic. Иако 23savage достигна до огромни 11.000 MMR изминатата недела, тоа сепак не се покажа како доволно за да ја задржи својата позиција во тимот, а ќе биде интересно да се види дали тој, пак, ќе се приклучи на составот на Geek Fam како замена за Raven, со оглед на тоа дека овој тим сега има само четири играчи.

Од друга страна, целосниот Fnatic состав сега изгледа вака: Marc Polo ‘Raven’ Luis Fausto, Kam ‘Moon’ Boon Seng, Daryl Koh ‘iceiceice’ Pei Xiang, Djardel ‘DJ’ Mampusti, Anucha ‘Jabz’ Jirawong.

Овој ростер, барем на хартија, дефинитивно изгледа дека би можел да биде еден од најсилните во регионот на Југоисточна Азија, но за жал ниту тие, ниту Geek Fam, не се во можност да настапуваат на било каков настан во престојните недели, со тоа што ESL One Thailand е следниот можен настан за двете екипи.