Fortnite добива нов кросовер, сега со Horizon Zero Dawn

Во некоја блиска иднина, ликовите од видео игрите веројатно ќе бидат познати само ако гостуваат во Fortnite. Речиси и да не постои лик кој не се појавил во најпопуларниот battle royale наслов, почнувајќи од Kratos, преку Lara Croft, па се до Master Chief. Сега е најавено уште едно познато лице во уште еден нов кросовер во Fortnite.

Со оглед на тоа колку поставата на славни ликови стана робусна, сите би помислиле дека Epic ќе направи пауза и ќе ги одмори малку играчите од сите тие кросовери. Но, очигледно не е така. Според популарниот Fortnite „датамајнер“ HYPEX, ни пристигнува уште една ѕвезда.

Имено, во рамките на Gaming Legends серијата на ликови ќе се појави и Aloy, главната хероина од Horizon серијалот на Sony. Како и обично, освен самиот костум на Aloy, играчите ќе можат да го купат нејзиното оружје, посебниот дизајн на леталото и слични козметички предмети. Сите тие ќе бидат достапни за купување веќе од утре (15 април), иако засега не се познати деталите околу цените.

Интересно е и тоа што Aloy ќе ги здружи силите со една друга икона – Lara Croft. Тие две ќе имаат привремен мод во кој двојките секогаш ќе играат со двата ликови. Овој мод во моментов е под кодно име LeadAlloy LTM и користи фрази како Team Up! Alloy and Lara. Остатокот од фајловите кои ги откри HYPEX.