Fortnite излезе од early access три години по објавувањето

Fortnite

Од Epic Games најавија дека нивната battle royale игра Fortnite конечно излегува од early access три години по објавувањето.

Во соопштението на официјалниот Fortnite сајт, Epic Games најави дека играта, како и нејзиниот PvE „близнак“ Fortnite: Save The World, повеќе нема да ја носат ознаката early access. Имено, за оние кои не знаат, името Fortnite асоцира на Fortnite Battle Royale, мод кој е бесплатен и кој го играат милиони играчи, но Fortnite е настанат од идејата за PvE мод кој подоцна е преименуван во Fortnite: Save The World.

Сите оние заинтересирани кои сакаа да го играат овој мод, мораа да платат, а истиот беше лансиран во 2017 година во early access фаза (речиси шест години откако веќе беше во развој). Очекувано, Save the World модот падна во целосна сенка на Battle Royale, но Epic Games не престана да работи на него. Не само тоа, тие вчера најавија дека играта официјално излегува од оваа фаза, а тоа значи дека ознаката early access се укинува и од Battle Royale и од Creative модовите.

Сепак, ова не носи којзнае колкава промена, со оглед на тоа дека Fоrtnite: Save the World и понатаму ќе биде „премиум“ искуство, а не бесплатна за играње (F2P). Сепак, од Epic Games најавуваат сезонски експедиции наречени Ventures, а пристигнуваат и нови козметички предмети. На кратко, иако играта сега е надвор од активен развој, тоа не значи дека содржината за истата ќе престане да пристигнува. Напротив, Epic Games ќе го промени начинот на развој, па така сите новитети ќе пристигнуваат циклично со повремени „апдејти“.