Фудбалер на Ливерпул гази во FIFA Ultimate Team Champions

Ultimate Team

Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, максимално го користи времето кое го има при опоравувањето од повредата. Поради тоа што не може да им помогне на своите соиграчи на теренот, тој одлучи времето да го помине играјќи FIFA 21, а Португалецот доминира на табелата во FIFA Ultimate Team Champions. Според неговата објава на Twitter, напаѓачот на Ливерпул во моментов е број еден во светот, притоа објавувајќи и увид во картичките кои ги користи за да биде на врвот. Хинт за сите: Батката е „читер“, барем ако се гледа од една перспектива.

Океј, можеби „читер“ е пресилен збор, но како единствен човек во светот кој во свој посед има картичка со оценка 99 од самиот себе во играта, дефинитивно има предност во однос на повеќето играчи. Ако се прашувате што треба да направите за да си добиете картичка со оценка 99 за самите себе, се што треба да направите е да станете професионален фудбалер и EA ќе ви даде уникатна картичка со „надувани“ статистики и оценки.

Како и да е, Жота е на врвот и има скор 30:0 во своите онлајн мечеви, а и покрај тоа што има „мала помош“, ова сепак е импресивно. Да се стигне на врвот во FIFA Ultimate Team Champions не е воопшто лесен подвиг, а Жота дефинитивно е запознаен со играта, како онлајн така и во реалниот живот.

Но, Жота во својот твит го откри и својот состав, со играчи како Патрик Виеира, Еузебио, Руд Гулит, Роналдо „Феноменот“ и Јирген Клоп како менаџер.

Како и да е, фасцинантно е да се види како Жота доминира во играта, како во реалниот, така и во виртуелниот свет.