G2 Esports победи на WePlay! VALORANT Invitational

G2 esport

G2 Esports го освои WePlay! Valorant Invitational со победа од 2-0 против fish123. Kапитенот на тимот Оскар „mixwell“ Каселас, ја презеде контролата на мапите со скоро идентични резултати со победа од 13: 9 на „Bind“,и 13-8 на најновата мапа, Ascent.

Дејвид „davidp“ Принс и Патрик „Patitek“ Фабровски ја предводеа мапата Bind со 19 убиства, додека Дом „soulcas“ Шулкас на fish123 оствари високата бројка од  20 убиства.

ScreaM се појави одлично за втората мапа и заврши со висока серија од 26 убиства, но не беше доволно да се надмине G2. Ардис „ardiis“ Сварениекс беше предводник на G2 со 21 убиство.

G2, покрај титулата WePlay! шампиони,  заработи и 25 000 долари. davidp не го повлече од мислењето за неговиот тим, однесувајќи се на Твитер за да тврди: „Најдобриот тим во светот ве уверувам“ .

Поради сегашната глобална пандемија, ние допрва ќе можеме да ги видиме врвните тимови во Европа, како се борат против надежните екипи на Северна Америка, сепак, тоа е нешто што сите го очекуваме и G2 Esports сигурно ќе конкурира за врвот во уште многу други турнири.

WePlay! VALORANT конечниот пласман:

-Прво место – $25,000 – G2 Esports
-Второ место – $15,000 – fish123
-Трето место – $5,000 – Ninjas in Pyjamas
-Четврто место – $5,000 – need more DM