G2 Perkz се одлучи да направи пауза од професионалниот гејминг

Perkz

По само неколку недели од LEC летниот Split ни доаѓаат шокатни информации. Најдобриот играч на G2 esport Perkz реши да објави привремно пензионирање од професионалниот гејминг.

Во првата недела G2 Esports го доби првиот натпревар во сезоната против Mad Lions, но ги загуби следните два натпревара против Origen и Team Vitality.

Подоцна во втората недела, повторно можевме да го видиме супериорниот G2 Esports на кој бевме навикнати, и сегашните европски шампиони ги освоија и двата натпревара против Schalke 04 и Rogue.

Овој викенд, бевме сведоци на необичен настап од нив. Во петокот тие изгубија против SK Gaming.

Точно е дека германскиот тим направи некои измени во нивниот список и тренерскиот персонал и тие настапуваат многу подобро од последниот Split, но таа партија требаше да биде лесна победа за 3 пати во ред европските шампиони. SK Gaming успеа да победи само 4 натпревари во пролетниот Split.

Иако G2 Esports изгуби натпревар против помалку талентиран тим, тие апсолутно се поправија во саботата, во најголемиот натпревар во историјата на Европа: G2 Esports vs Fnatic.

Во натпреварот беа инфериорни. Најбрзата победа во LEC Летниот Split, и тоа против нивниот најголем непријател.

Настапот на Perkz беше извонреден. Тој дури успеа да добие ‘Quadrakill‘ со Калиста и неговиот личен резултат беше 8/1/8.

Во тој момент се чинеше дека сите проблеми беа заборавени, но одеднаш се случи нешто неочекувано Perkz го најави своето привремено пензионирање од следната недела:

Оваа одлука и не е големо изненадување. Хрватот во последно време поминува низ огромни лични проблеми. Истата недела кога започна LEC летниот Split, неговиот татко почина.

Ова е една од причините зошто G2 имаше лош почеток. Очигледно, екипата не можеше да направи доволно подготвителни партии пред првиот натпревар.

Сè уште не знаеме колку време ќе потрае пред да се врати Perkc. Од G2 Esports до сега нема соопштенија, но изгледа, во негово отсуство,
Кристофер „P1noy“ Албао Лунд Педерсен ќе ја превземе неговата улога во тимот.

P1noy е дански кери играч кој му се придружи на G2 како замена на почетокот на оваа година. И покрај тоа што е ветеран кој игра професионалнo LoL од 2013 година, неговата нова задача ќе биде огромна.

Се чини дека не е лесно да се замени најдобриот играч во најдобриот тим…