Gameplay видеото за Crash Bandicoot ја претстави новата патека

Crash Bandicoot

Toys for Bob и Activision беа доста активни изминатиот период и соопштија голем број детали за новото издание на Crash Bandicoot. Сепак, и оваа недела пристигнуваат нови информации, како и gameplay исечоци од новата игра.

Најновото gameplay видео е објавено од страна на IGN и ни носи краток поглед на една патека која досега не сме ја виделе. Тоа воедно е една од наводните 100 патеки во играта. Како изгледа и што уште не очекува во играта, можете да погледнете во видеото кое ќе го најдете на крајот од текстот.

Видеото ја прикажува и пиратската тематика на патеката, како и она што играчите ќе го доживеат на нивната авантура. Нови потези и начинот на кој минува стазата се прикажани во „гејмплејот“, заедно со живописните визуелни детали кои ги достигнува модерната Crash Bandicoot игра.

Треба да се напомене исто така дека и временските патеки исто така се враќаат во игра, што ќе бара од играчите да ја поминат стазата за одреден временски лимит. Видеото исто така прикажува и колку експанзивни ќе бидат нивоата, со оглед на платформните секции се забележуваат во позадина.

Како што е познато од претходно, Crash Bandicoot: It’s About Time пристигнува на 2 октомври за Xbox One и PlayStation 4.