Главниот и последен трејлер за Dota серијата на Netflix пристигна

Dota Netflix

Како што е веќе познато, Valve и Netflix започнаа соработка за нова Dota аниме серија, а по неочекуваната најава и трејлерот, на ред пристигна и најновиот, во пресрет на премиерата која е закажана за подоцна овој месец.

Во новиот Dragon’s Blood трејлер, кој е главен, а воедно и последен трејлер, добиваме еден поглед врз случувањата кои ќе се одвиваат во најновата адаптација на Netflix за видео игра, во кој се откриваат повеќе детали поврзани за приказната и мотивацијата на ликовите, односно хероите.. Во описот на трејлерот стои: „Тие и служат на Selemene, Божицата на Месечината – но дали навистина знаат на кого му служат? Овој март, темната скриена вистина конечно ќе биде откриена кога започнува и битката на вековите“.

Во трејлерот исто така можеме да го видиме и дополнително разработениот однос меѓу херојот Dragon Knight и неговите заколнати непријатели, змејовите, кои често ги среќава во своите кошмари. Покрај тоа, трејлерот исто така ја открива и приказната на целиот серијал, која се врти околу Selemene. Покрај Selemene, Dragon Knight, Mirana и Luna, се враќа и Inovker, кој делува дкеа има клучна улога во целата приказна.

Но, освен главниот трејлер, се појави и еден краток и мошне неочекуван тизер, кој открива уште еден Dota 2 херој, демонот Terrorblade. Дали токму Terrorblade ќе биде главниот негативец во серијата, останува да видиме.

Инаку, во описот за Dragon’s Blood серијата стои: „Конфликтниот, а сепак храбар Dragon Knight мора да ја искористи моќта на змејот во себе со цел да го спречи смртоносниот демон во оваа епска фантазија базирана на онлајн играта“.

DOTA: Dragon’s Blood серијата официјално излегува на 25 март и ќе биде достапна за сите Netflix претплатници.