Го добивме и LoL шампионот на Autumn Gaming Month на МЕСА

LoL МЕСА

Изминатиот викенд се одржа последниот, воедно и најголемиот турнир во рамките на Autumn Gaming Month организиран од страна на Македонската еспорт асоцијација, со што го добивме и LoL шампионот во Македонија. По неколку интересни и неизвесни League of Legends натпревари, ставен е крај и на големиот гејмерски настан кој го организираше МЕСА.

Со организација на врвно ниво од страна на МЕСА, како и голем број возбуди кои ни ги приредија тимовите, Reborn eSports се искачија на тронот на LoL сцената, со што дојдоа до својот втор триумф во низа на настан кој го организира Македонската еспорт асоцијација.

Reborn eSports во финалето го совлада тимот на Harmony кој на крајот го освојува вицешампионското место, додека како трето и четвртопласирани завршуваат тимовите на Vincit Omnia и Evolution Squad.

Само за потсетување, на овој турнир се натпреваруваа 34 екипи поделени во четири групи. Натпреварите се играа изминатиот викенд, а наградниот фонд изнесуваше 30.000 денари кои беа наменети само за победничката екипа.

Со овој LoL турнир официјално е ставен и крај на Gaming Autumn Month во организација на МЕСА.

Од редакцијата на Gamer, на сите учесници на турнирите, на шампионите, како и на луѓето од МЕСА им честитаме за успешниот настап, победите и секако организацијата на целиот настан.