📽 God of War: Ragnarok го доби првиот трејлер и е спектакуларен

Ragnarok

PlayStation Showcase ни го донесе и премиерниот приказ на God of War: Ragnarok, кој беше шлагот на тортата на овој настан.

Откако беше најавен минатата година со тизер кој беше толку краток и недоречен, што до сега не знаевме ни каков ќе биде официјалниот назив, God of War: Ragnarok е официјално прикажан по првпат. Ова е прв вистински поглед на играта и истиот ни ги прикажува Kratos и Atreus на тежок пат низ Fimbulwinter, смртоносната зима од норвешката митологија која претходи на Ragnarok, односно крајот на светот. Во трејлерот видовме и доста ликови од претходниот God of War, но и некои нови како Thor, кој се чини дека ќе им биде противник на Kratos и Atreus во Ragnarok.

Дејствијата ќе се одвиваат неколку години по оние од се уште актуелната игра. Во секоја смисла, би требало да биде поголема од орогиналот и би требало да се простира ширум сите девет норидски кралства, со значително повеќе епски локации.

Одличната графика добива уште поголема импресивност ако се суди по трејлерот, а треба да се напомене дека God of War: Ragnarok ќе пристигне и за PS4 конзолата, покрај PlayStation 5.

Иако првично беше најавен за излегување оваа година, God of War: Ragnarok пристигнува дури идната, но без конкретен датум на лансирање.