Gorgc и Notail распалија со пцовки на македонски и српски

Gorgc и Notail

Johan “Notail” Sundstain, капитен на двојниот TI шампион OG, често можете да го најдете во еден од најпопуларните Dota 2 стримови на Janne “Gorgc” Stefanovski. Од јануари 2020, Горк стана член на тимот на OG како контент креатор, па од тогаш овој пар често прави заеднички стримови кои се многу популарни кај фановите и достигнуваат преку 15,000 гледачи.

Janne “Gorgc” Stefanovski

Gorgc е поранешен професионален Dота 2 играч. Тој е роден на 28 октомври 1993 година во Шведска. Но, малкумина знаат дека тој има македонски корени. Неговите родители Живко и Јулијана се родени во Македонија, а тој тоа го има потврдено на стрим. Горк е еден од најпопуларните Dota 2 стримери во последните неколку години. Со неговата харизматичност и хумор тој успеа да го привлече вниманието на еден од најпопуларните тимови во светот – OG. Годинава после True Sight, тој стана дел од овој тим како контент креатор. Тоа значи дека тој јавно ги подржува и промовира, ги стрима и „каста“ сите нивни професионални мечеви, и нашето омилено кога игра заедно со нив на стрим.

*Фан факт – Името на Gorgc доаѓа од комбинација на две ник-нејма од времето кога тој играл WoW. Тој играл женски Tauren Warrior. Комбинацијата се состои од “gorg(eous)” и”cow”.

OG has signed Gorgc as a Content Creator | AFK Gaming

Johan “Notail” Sundstain

Нотеил е капитен на двојниот TI шампион OG. Тој е роден на 8 октомври 1993 година во Данска. Својата кариера ја има започнато како многу млад. Тој на почетоците од професионалната гејминг кариера бил мид играч во играта Heroes of Newearth. Кога се префрлил на Dota 2 во тимот Fnatic, тој станал многу познат супорт играч благодарејќи на неговиот перформанс на Chen и Io. За неговите успеси од тогаш до сега најверојатно сме чуле и знаеме сите. Од неверојатен супорт, до неверојатен кери, тој постојано докажува дека е еден од најдобрите кои ја играат играта.

N0tail at TI9: "When we were playing against OpenAI, they would ...

Gorgc и Notail

Gorgc и Notail, двајцата познати како големи шегаџии на Dota 2 сцената, се омилен „тим“ на многумина. Нивниот стрим е исполнет со забава за сите фанови, а најновата шега беше со балканска естетика. По заеднички победента партија со другарот на Notail под ник „мал бургос“ кој е од Србија, тие решија да ги покажат своите способности за пцуење на „нашки“. Горк со предлог пцовка на македонски, а Notail го поправи со спрската која тој ја научил. Погледнете го видеото ТУКА и насмејте се!