📽 Gran Turismo 7 доби нов трејлер и конечно датум на излегување

Gran Turismo 7

За време на PlayStation Showcase добивме нов трејлер за Gran Turismo 7, а заедно со трејлерот конечно добивме и официјален датум на излегување на веројатно најисчекуваната тркачка видео игра во моментов.

За да ја заиграме Gran Turismo 7 нема да мораме да чекаме многу, бидејќи на PlayStation 4 и PlayStation 5 конзолите пристигнува веќе на 4 март следната година. Поофицијално од ова не може да биде.

Она што може да биде разочарувачки за играчите е што седмиот дел од популарниот тркачки серијал е тоа дека нема да пристигнува со бесплатно надоградување од PS4 на PS5 верзијата, туку за next-gen апдејт ќе мора да се платат дополнителни 10 долари.

Кога станува збор за самиот трејлер, треба да се напомене дека е поприлично конкретен, а освен фината графика, прикажан е и „кампањскиот“ мод, ray tracing ефектите, livery едиторот, прекрасниот photo мод и GR Yaris во полн спринт на земјена подлога.