GTA 6 се враќа во Vice City, но не во 80-тите години

GTA 6

GTA 6 во моментов може да биде само сон за огромниот број фанови, со оглед на тоа дека Rockstar Games и понатаму својот главен фокус го има на својот „рудник за пари“, Grand Theft Auto Online. Сепак, еден мошне сигурен и веродостоен „ликер“ тврди дека сетингот на престојната игра не е во 80-тите години, како што првично се сметаше и шпекулираше.

Додека во Rockstar Games и понатаму се „прават луди“ и си молчат за се уште непотврдениот Grand Theft Auto VI, продолжуваат да се појавуваат неофицијални информации за истиот. Но, Том Хендерсон, човек кој е вистинска легенда кога станува збор за инсајдерските информации во гејминг индустријата, сподели некои нови детали поврзани за долгоочекуваниот наслов.

Како што веќе рековме, тој истакна дека играта нема да биде поставена во 80-тите години, туку ќе се одвива во модерно време. Причината за тоа, според Хендерсон, се GTA Online аспектите на играта, односно сместувањето во модерно време е подобра солуција за Online верзијата која носи најмногу пари. Модерниот сетинг овозможува поголема слобода и повеќе нови идеи кои можат да бидат инкорпорорирани низ години, а Rockstar сигурно планира со „шестката“ да биде на сцената долго време, ако не и подолго од она што е со „петката“ во моментов.

Исто така, GTA 6 дефинитивно ќе биде поставена во Vice City, но останува прашањето зошто е тоа така, ако веќе дејството нема да се случува во 80-тите години. Можеби во single player кампањата ќе минуваме некако низ времето и ќе посетуваме разни стари и нови локации во различни години. Секако, сето тоа останува и понатаму предмет на шпекулации и гласини. Сепак, треба да се земе предвид дека Хендерсон досега имал прилично точни информации за други игри досега, па неговите тврдења сепак имаат повеќе тежина од останатите.