Halo Infinite ќе добие бесплатна multiplayer опција

Halo

Ексклузивата на Microsoft за Xbox платформата за прв пат ќе користи еден поинаков формат на multiplayer кој ќе биде бесплатен за играње. Имено, според некои информации, Halo Infinite multiplayer опцијата ќе биде бесплатна за играње за прв пат во серијалот, со што играта ќе застане рамо до рамо со популарните наслови како Call of Duty: Warzone, Apex Legends и Fortnite.

Microsoft досега го гледаше Halo Infinite како исклучиво single-player наслов со ветување дека ќе го има најголемиот и најотворениот Halo open-world досега. Тоа беше навистина чудно бидејќи Halo серијалот својата популарност ја стекна благодарение преку multiplayer опцијата како една од првите shooter игри со онлајн multiplayer опција за конзоли.

Но, причината поради која Microsoft воопшто не се осврна на multiplayer компонентата е поради тоа што истата наводно ќе биде бесплатна за играње, односно со free-to-play формат. Информацијата, која се појави на вебсајтот „Smyths Toys“, гласи дека Halo ќе добие „досега невидено free-to-play multiplayer искуство“. Секако, оваа информација се уште не е потврдена од Microsoft или 343 Industries, но со оглед на тоа дека повеќе извори ја истакнуваат како сигурна работа, постои голема шанса Halo да се бори за популаризација на пазарот токму на тој начин.

Според информацијата на сајтот, која сега е повлечена, но се уште може да се види благодарение на архивирањето на пејџот, играта ќе поддржува изведба до 120 fps.

Исто така, „ликерот“ познат како Klobrille, кој објави голем број точни информации за Halo Infinite, уште пред истата да биде најавена, преку својот Twitter профил ја „потврдува“ оваа информација, истакнувајќи дека multiplayer опцијата навистина ќе биде бесплатна и ќе инкорпорира некаков вид на battle pass систем.