Halo Infinite тизерот го потврдува враќањето на Banished

Halo Infinite

343 Industries открија прлично малку за тоа што ќе се случува во престојната Halo Infinite, но неодамна објавениот тизер веројатно открива исклучително важни детали. 343 Industries помалку или повеќе потврдија дека Banished – фракцијата на платеници која се оддели од Covenant – ќе се врати назад во голем стил во Halo Infinite.

Гласот во трејлерот зборува за силите на Banished и за тоа како презеле целосна контрола над Halo прстенот (или барем се на прагот да го направат тоа). Нивните мотиви во секој случај не се добри. „Човештвото ќе гори“, вели гласот, пред да додаде дека „Нивниот пркос ќе остане само спомен. Нема повеќе пророштва, нема повеќе лаги. Ние стоиме заедно, браќа до крај. Ние сме неговата волја, ние сме неговото наследство, ние сме Banished“.

За оние кои можеби не знаат кои се Banished, тие најпрво се појавија како примарни антагонисти во Halo Wars 2, чие дејство се одвива по настаните во Halo 5: Guardians. Пораката во тизерот покрева голем број интересни прашања – што се случи со Atriox? Што планираат да направат со Halo инсталацијата?

Одговорите на овие прашања веројатно ќе ги добиеме порано од очекуваното, со оглед на тоа дека Microsoft планира да направи големо претставување за Halo Infinite на нивниот прв party-focused настан во јули.

Halo Infinite е планиран да биде објавен за Xbox Series X, Xbox One и PC.