Хенри Кавил би можел да глуми во проект поврзан со Mass Effect

Cavill

Актерот кој го отелотворуваше Гералт во серијата The Witcher навести дека може да се појави и во нешто поврзано со Mass Effect.

Покрај тоа што е професионално познат како Вичер и Супермен, актерот Хенри Кавил е и деклариран гејмер. Затоа не е невообичаено неговата кариера во иднина да биде врзана за франшизи кои потекнуваат токму од светот на игрите. Продуцентите го сакаат Хенри, а Хенри сака да глуми во нивните проекти. Секој победува!

Henry Cavill Responds To Supergirl With and Superman with Mass Effect |  Cosmic Book News

Судејќи според последната објава на Кавил, неговиот следен ангажман би можел да биде поврзан со франшизата Mass Effect. Aктерот објави слика со заматен текст на хартија, но интернет-детективите ја разјаснија и успеаа да ги извлечат зборовите Tali’Zorah, Reaper, Geth и Cerebrus во текстот. Секој што некогаш играл Mass Effect, ќе ги препознае тие имиња и наслови.

Бидејќи сè уште не е објавено дека Mass Effect ќе биде адаптиран во форма на ТВ-серија или филм, веројатно ова е само првиот показател за оваа можност. Текстот извлечен од сликата сугерира дека ова е запис на Википедија за Mass Effect 3, но не мора да значи дека е директно поврзан со проектот во кој е вклучен Кавил – можно е тој само да сакал да го сврти вниманието кон него.

Не е исклучено ниту дека Кавил би можел да глуми во нова игра Mass Effect за која знаеме дека е во развој. Во секој случај, веројатно е дека нешто се подготвува, и времето ќе ни каже што точно.