Ice Poseidon со отворено писмо до Twitch, се извини за однесувањето во минатото

Ice Poseidon

Контроверзниот стример Ice Poseidon изјави дека пораснал како личност и би сакал повторно да се врати на стриминг платформата Twitch.

Три години откако беше баниран на неодредено време од Twitch, Пол „Ice Poseidon“ Денино издаде отворено писмо во кое му се извини на Twitch за неговото лошо однесување во минатотo и побара Twitch повторно да му овозможи да стрима на нивната платформа.

„Пред три години бев забранет на Twitch за создавање на токсична заедница“. Во видео-делот од своето писмо наведува Ice Poseidon. „Таа токсична заедница влијаеше врз индустријата, мене , моите пријатели и другите креатори. За тоа ми е жал. Научив многу во текот на изминатите неколку години како стример. Со искуството доаѓа зрелост и со зрелоста доаѓа поинаков начин на размислување “.

Видео обраќањето од страна на Ice Poseidon:

Ice Poseidon навлезе во детали во својата писмена изјава, каде објасни дека жали што дал толку многу моќ на публиката и на крајот од страна на неколку поединци му направи огромни проблеми. Тој го раскажа и своето искуство со создавање и управување на мрежа од стримери на YouTube во текот на изминатите неколку години. Тој рече дека неговото искуство во градењето на оваа мрежа му помогнало да сфати како неговите постапки негативно влијаеле на Twitch.

„Во овој момент сум најсреќен во мојава кариера бидејќи мојата заедница е позитивна и поддржувачка и можам да сметам на нив“, напиша тој. „По сите овие години, сакам да кажам благодарам Twitch што ми даде можност да ја започнам кариерата и те молам размисли за читање на мојата жалба за забрана што неодамна ја испратив. Ви благодарам.”

Во врвот на своите стримови, тој направи многу малку да ја умери или контролира својата заедница. Како резултат на ова, тој ја направи најголемата грешка. При стрим во живо од аеродром го даде неговиот број и локацијата, па еден од неговите гледачи пријави лажна закана со бомба и го обвини токму него. Ова доведе до негово отстранување од авион од вооружени полициски службеници.

Иако Ice технички не прекрши некое специфично правило, Twitch одлучи да го забрани за стриминг по инцидентот. По забраната, тој го продолжи својот уникатен бренд на содржина на YouTube, пред да се пресели во Mixer каде што се обидуваше да изгради попозитивна заедница.

Mixer неодамна објави дека ќе се затвори во јули, што го остави Ice Poseidon и многу други стримери во потрага по нова платформа за стриминг. Засега тој се враќа само на YouTube.