Играч во Apex Legends и Valorant доминира со чуден избор на опрема

Apex

Конкурентни игри во еспорт како популарните игри Apex Legends и Valorant привлекоа голем број на брзо растечки таленти и ни донесоа многу новини. Секако, сме виделе голем број играчи на високо ниво меѓу стримерите, а можеби и на вашите сопствени натпревари, но дали сте виделе некој кој е толку сигурен во своите вештини за целосно замена на традиционалните гејмерски уреди за игри?

Star__Rain стана познат во светот на battle royale игрите  по неговиот чуден избор на опрема за игри. Имено, овој иновативен играч ги замени тастатурата и глувчето со таблет и дигитално пенкало.

About a year ago I saw someone using a Pen to aim in Apex Legends, one year later, its now my permanent choice for FPS games: from r/apexlegends

Оваа алатка најчесто ја користат уметниците, но Star__Rain ја претвори во вообичаена опрема за игри. Теоретски, се чини дека е невозможен подвиг, но во следниот клип ни покажува како доминира во познатата битка на Apex и Valorant.

Играчот, сепак призна дека тоа не е неговата идеја, туку дека го позајмил од друг играч во Apex. Оттогаш, тој не сака да се раздели од таблетот и пенкалотот, што можеме да го видиме во неговите чести клипови  во Valorant и Apex Legends.