Излезе потребната конфигурација за новата Marvel’s Avengers

Avengers
Marvel’s Avengers излегува во септември, но веќе овој месец започна бета тестирањето, најпрво на PlayStation 4 за оние кои претходно направија преднарачка на играта, а наскоро и за сите на компјутер и Xbox One.
Poll: Has the Marvel's Avengers Beta Convinced You to Buy the Game ...

Значи, ако планирате да учествувате на отворен бета тест на компјутер, би било паметно прво да проверите дали вашиот компјутер воопшто може да ја изврши играта.

Официјалните минимум и препорачани конфигурации на персонални компјутери за Marvel’s Avengers штотуку беа објавени, а вестите се добри – со тоа се чини дека играта не бара премногу напредна конфигурација а веќе знаеме дека изгледа многу убаво.

Ние ја пренесуваме минималната и препорачаната конфигурација подолу

Минималната конфигурација

OS: Windows 10 64-bit
CPU: i3-4160 или AMD equivalent
8GB RAM
NVIDIA GTX 950 / AMD 270 (min 2GB video ram)
DirectX 12
75GB HDD space

Препорачана конфигурација

OS: Windows 10 64-bit
CPU: Intel Core i7 4770K, 3.4 Ghz or AMD Ryzen 51600, 3.2 Ghz
16GB RAM
NVIDIA GTX 1060 6GB или AMD Radeon RX 480, 8GB.
DirectX 12
110GB SSD space

Инаку, верзијата со компјутер доаѓа со опционален пакет на текстура со висока резолуција од 30 GB и ќе поддржува ултра широки резолуции и сетови за мулти-монитор со поддршка за играње на 144Hz ако вашиот компјутер може да се справи со тоа.

Како можете да се приклучите на бета серверите

Првиот бран на бета тестирање се случи минатиот викенд и само за оние кои претходно направија преднарачка на играта за PlayStation 4. Вториот бран ќе се случи овој викенд и ќе биде отворен за сите корисници на PlayStation 4, а за оние кои претходно ја нарачаа играта на компјутер и Xbox One конзолите. Третиот бран ќе биде отворен за сите и ќе се одвива од 21 до 23 август, а pre-load за таа верзија започнува на 20 август.

Целосната игра излегува на 4.09. за компјутер, PS4 и Xbox One, по објавувањето на конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X, играта треба да се појави и на нив.