Колку вредат трансферите на LoL про играчите, милионски суми се во игра!

LoL играчите

Во светот на професионалната еспорт сцена често се појавуваат шпекулации кога станува збор за играчите, тимовите и генерално промената на ростерите. Со оглед на тоа дека еспортот станува се попопуларен во светот, а во самата индустрија се вратат милијарди долари, очекувано е и LoL, Dota2, CS:GO, Fortnite играчите да бидат добро платени, а трансферите да се мерат во милионски суми.

Тоа не е исклучок ни на LoL сцената, а за тоа колку чинат трансферите на про играчите, сведочи и најновата шпекулација која е поврзана со Лука Perkz Перковиќ. Имено, Perkz нема да биде дел од G2 Esports за 2021 година.

Од тој момент, голем број тимови се појавија како кандидати за неговиот трансфер, но додека хрватскиот играч продолжува да си пишува шеги на својот Twitter акаунт, неколку интересни вести почнаа да се појавуваат.

Според познатиот еспортс новинар, Џејкоб Волф, и G2 Esports и самиот играч во изминатите недели пристапувале до шест различни тимови за да се оствари продажба на Perkz.

Наводно, Cloud9, Evil Geniuses, 100 Thieves, Team SoloMid, Team Vitality и Misfits се заинтересирани да го купат Perkz, но се чини дека самиот играч сака да се пресели во Cloud9.

Како што можеме да забележиме по твитовите на Џејкоб Волф, северноамериканскиот играч и Perkz веќе водат преговори, а Cloud9 ќе му понуди и сериозна плата, но постои една пречка. Имено, според некои извори, откупот на Perkz ќе чини 5.000.000 долари!

G2 Esport ја бара оваа луда сума поради тоа што договорот на Perkz не истекува до 2022 година. Невозможно е да се знае дали Cloud9 ќе го прифати овој договор, но не е прв пат американската организација да прави диспропорционални скапи трансфери.

Според првите шпекулации, Perkz сака повторно да биде мидлејнер, а познато е дека Cloud9 (како и целата LCS) се во потрага по што е можно помоќни ростери.