Компанија им плаќа 2.000 долари на гејмери за да играат со нивните пријатели

гејмери

Американски интернет сервис провајдер има неодолив предлог до голем број гејмери ширум земјата – да играат игри со нивните пријатели 21 час за да добијат 2.000 долари. И тоа не е најдобриот дел, бидејќи оние кои ќе учествуваат во ова ќе добијат и цел пакет подароци, вклучително и Nintendo Switch Lite.

FrontierBundles.com ја доби наградата за „Best Internet Provider for Online Gaming of 2021“ од страна на US News & World Report, а како резултат на тоа, компанијата се додворува на својата публика со овој примамлив предизвик. Целта е да се открие дали гејмерите играат поефективно сами или со поддршка од пријател. Она што е интересно, апликантите воопшто не мораат да бидат клиенти на FrontierBundles.com за да имаат право на наградата. Прашањето дали соло или co-op играчите соработуваат добро, зависи од играта.

Компанијата исто така е инспирирана од голем број годишнини кои ќе се одржат оваа година, како што е 35-годишнината на The Legend of Zelda, 30-годишнината на Sonic The Hedgehog или 25-тиот роденден на Pokemon. За жал, оваа можност е достапна само за оние кои живеат во САД, а апликациите ќе бидат достапни до 18 јуни.