Konami повторно го менува името на PES и подготви ново лого

Konami PES

PES повторно се соочува со ребрендирање, откако е откриено дека Konami планира одново да го промени називот на серијалот на фудбалски симулации.

Фановите на фудбалскиот серијал Pro Evolution Soccer дојдоа до информација дека компанијата Konami на аргентинскиот и бразилскиот пазар поднела пријава за регистрација на игра наречена eFootball. Во рамките на пријавата забележан е и потенцијалното ново лого, кое има нешто поинаков дизајн од она што досега се користеше за PES eFootball.

Она што најмногу се истакнува во целата приказна е всушност отстранувањето на кратенката PES. Можно е веќе од оваа година фудбалската симулација на Konami повеќе да не се нарекува PES, туку само eFootball 2022. Ова се уште не е официјално потврдено, но е лесно возможно со оглед на тоа дека играта на Konami оваа година ја очекуваат големи промени пред се поради преоѓањето на нов „енџин“. Новото поглавје во историјата на овој серијал би можело одново да започне под ново име.

Имено, Konami веќе неколку пати во историјата го менуваше називот на играта. Во 90-тите години беше International Superstar Soccer, па подоцна стана Goal Storm, па ISS Pro, па ISS Pro Evolution, за на крајот да дојде до Pro Evolution Soccer.

Со додавањето на називот eFootball во 2019 година, Pro Evolution Soccer беше сведен само на кратенката PES, која фановите и онака почесто ја користеа отколку целосното име. Меѓутоа, во коренот на самиот назив остана американскиот „сокер“, а PES на Американците никогаш не им ни беше особено интересен, со оглед на тоа дека најголемиот дел од продажбата Konami го остваруваше во Европа и Јужна Америка.