Креаторот на browser играта Warzone бара од Activision да го сменат името на својот battle-royale

Warzone

Креаторот на browser играта Warzone (од 2017 година) го тужеше Activision со Call of Duty: Warzone за да се држат настрана од тоа име. Г-дин Fizzer, креаторот на оваа игра, започна правна постапка против Activision уште минатата година во ноември, изјавувајќи дека бара отштета затоа што Activision го користи името Warzone во рамките на својата игра, кои со право му припаѓаат на него и неговата игра со регистрираниот домеин „warzone.com LLC“.

Activision поднесе жалба во својата одбрана во која се наведува дека ја заштитува терминологијата Call of Duty: Warzone во категоријата игри за преземање во контекст на услугите за забава уште во јуни минатата година, додека Fizzer поднесе слично барање дури во октомври. Со оглед на тоа што го стори тоа четири месеци подоцна од „Activision“, Fizzer тогаш тврдеше дека „COD: Warzone продолжува да ги буни играчите на овој начин“, односно дека „Activision“ се обидува да ги измами играчите кои сакале да ja играат неговата „Warzone“ наместо во „BR Warzone“.

Активизион остро ја коментираше ваквата реторика во официјален документ, велејќи дека Call of Duty: Warzone беше сосема поинаква игра во споредба со нејзината нискобуџетна верзија на друштвената игра Ризик и дека е „незамисливо да се каже дека секој играч ќе ги меша или изедначи двете игри “.

Обично големите компании напаѓаат слични развивачи со слични судски побарувања, но во случајот на Activision и Fizzer гледаме дека исклучокот го потврдува правилото.

Како ќе заврши оваа парница останува да видиме.