KuroKy ќе го пропушти стартот на OGA Dota PIT заради повреда

KuroKy

Team Nigma барем за воведната серија на OGA Dota PIT Season 2: Europe and CIS конкуренцијата ќе игра без нивниот капитен, Куро „KuroKy“ Тахасоми.

Според најавата на тимот дадена еден ден пред турнирот да започне, KuroKy нема да биде во можност да игра бидејќи се опоравува од повредата на раката. Не беа дадени детали за повредата, ниту беше објавено дали тој ќе може подоцна да се приклучи на своите соиграчи во натпреварот или не.

До неговото враќање, Team Nigma ќе игра со нивниот тренер, Роман „rmN-“ Пејли. Првата серија за Nigma е закажана за утре, 27 јули во 20:00 часот  против FlyToMoon. Двете екипи ќе се борат за место во полуфиналето на OGA Dota PIT Season 2.

Team Nigma не е единствената што ќе влезе во битка за титулата со заменски играч. На почетокот од овој месец, Ninjas in Pyjamas  го избркаа својот капитен, Акбар „SoNNeikO“ Бутаев, но се уште немаат потпишано нов играч. Затоа, тие ќе играат со Cr1t од EG, на позицијата супорт. OG исто така, ќе игра со изменет состав бидејќи тимот го означи враќањето на Себастијан „Ceb“ Дебс во натпреварувачката игра по седум месеци во пензија и се збогуваше со SumaiL.