Kuroky се враќа на сцената, EG ја најавија замената за Ramzes

Kuroky

По пауза од скоро пет месеци, капитенот и основач на тимот на Dota 2, Team Nigma, Kuroky, конечно се враќа дома.

Куро „Kuroky“ Салехи Тахасоми неодамна објави видео на својот официјален профил на Twitter на Team Nigma во кое ја објаснува ситуацијата со неговиот личен живот, здравјето и тимот воопшто.

Куро рече дека неговото отсуство било пролонгирано поради хронична болка во рацете , што го мачи со години. Тој додаде дека работел премногу напорно сите овие години и дека не се одморил доволно.

Иако сегашната пандемија КОВИД-19 во голема мера негативно влијаеше на целата планета, Kuroky ја виде оваа ситуација како можност конечно да се посвети на своето здравје. Тој изјави дека оваа пауза од неколку месеци многу му помогнала и дека сега е на пат кон целосно закрепнување.

EG ја наваји својата замена за Ramzes

Америчкиот великан кој долго време е отсутен во Dota 2 про-сцената неодамна објави дека го ослободува нивниот офлејнер „Ramzes“ кој исто така неодамна го обајви својот нов тим. Легендата „iceiceicie“ во EG. Откако „fnatic“ полека се распадна, америчкиот тим виде шанса да најде одлична замена за нивната 3та позиција. Тие објавија на својот Twitter профил дека Daryl Koh “iceiceice” Pei Xiang е нивното појачување, па со оваа информација фановите се надевата дека ќе го видат тимот како се натпреварува во америчката сцена после големо отсуство.