League of Legends patch 10.14: Промени на Karthus, Ezreal, Varus и повеќе

League of Legends patch 10.14

Главниот гејмплеј дизајнер на  League of Legends – Mark Yetter со нови детали на Twitter во врска со League of Legends patch 10.14. Овој нов апдејт ќе пристигне на 7 јули. Неколку големи промени за Ezreal и Varus. Овие два чемпс се многу популарни во моменталната мета, како во професионалните така и во соло Q игрите.

Листата на шампиони кои ќе бидат бафнати ги вклучува, мид-лејн контрол мејџот Karthus, и трио од асасинс – сапортот Pyke, мид-лејнерот Zed, и џанглерот Kha’Zix.

Бот лејн нрфови

За една од двете специфирани промени досега, мид-лејнерот Karthus ќе добие надпросечен баф. Овој контрол мејџ е скоро секогаш биран за време на џангл метата, без разлика што беше мид-лејнер многу сезони наназад. League of Legends patch 10.14 ќе му даде на спамачкото Q на Karthus нови 5% AP scalling. На шампион кој скоро секогаш билда висок AP демииџ за брст во лејт-гејмот, ова може да донесе значителна разлика.

Супорт асасинот Pyke ќе ја добие другата промена за која имаме детали. Неговото Q, ќе добие бафови на кулдаунот, демиџот и мана костот. Но, за баланс тој ќе добие мал нрф на скелјингот на армор и MR.

Промените кои ќе добијат најмногу внимание се најверојатно нрфовите на Varus и Ezreal. Varus беше или баниран или пикнат во 95% од компетитивните мечеви. Очекувајте дека нрфовите за овој чамп ќе бидат немилосрдни.

Ezreal исто беше конзистентен пик во сите ранкови на LoL. Во соло Q, овој чемп имаше 50%+ вин-рејт  и голем пик-рејт со недели наназад. Затоа е лесно да се сфати зошто Riot планира да го таргетира за нрф.

Patch 10.14: Што уште?

Веќе знаеме дека овој пач ќе не награди со уште 8 нови скинови. Категориите ќе бидат Arcanist i Infernal. Karthus и Kennen се двата шампиони кои ќе добијат Infernal скинови, додека Kog’Maw и Zoe ќе добијат скинови со Arcanist тема. Zoe исто така ќе добие и Prestige Edition Arcanist скин, за сите оние кои сакаат да изгледаат „брзи“ во Рифтот.

League of Legends patch 10.14 исто ќе донесе податоци за Nexus Blitz гејм модот. Дали ќе може да се игра на 7 јули или не сеуште не знаеме. Но, како и да е Riot потврди дека ќе го добиеме овој пач.