📽 League of Legends серијата на Netflix го доби датумот за премиера

League of Legends

Анимираната серија Arcane, која се одвива во светот на League of Legends, доби нов трејлер и датум на излегување.

Првата анимирана серија од светот на League of Legends ќе биде емитувана од 6 ноември 2021 година на Netflix. Серијата наречена Arcane, најавена уште пред две години, ќе следи двајца LoL шампиони – Jinx и Vi и ќе ја раскажува приказната за нивното потекло. Исто така, ќе го видиме и ривалството меу градовите Piltover и Zaun.

Серијата ќе биде поделена на три чина, односно три епизоди. Секоја епизода ќе биде емитувана посебно. Втората ќе ја гледаме на 13 ноември, а третата од 20 ноември. Развојниот тим на Riot Games учествуваше во развојот на Arcane и со него планираат да го продолжат ширењето на својот универзум. Анимираната серија е само почеток бидејќи во плановите веќе се и играни филмови за кои Riot Games бара искусни писатели и режисери.